Бетис ја запиша десеттата победа сезонава во шпанската Ла Лига и со 3-2 триумфираше кај Алмерија во андалузиската пресметка, па зелено-белите останаа многу близу до зоната за ЛШ.
Родри и Серхио Каналес во првиот дел донесоа водство од 2-1, откако Луис Суарез погоди еднаш за Алмерија за да израмни во текот на првите 45 минути, а потоа Коста вторпат израмни во 63-та минута, но Алмерија немаше сили да се одбрани за да дојде до бод.
Седум минути откако вторпат дојдоа во егал, Гвардадо погоди за трето водство и на крај за победа на Бетис во 70-та минута.