Бејли контра волјата на Македонскиот народ

Loading...

Во типичен свој стил, надвор од контрола, надвор од вообичаено дипломатско однесување и надвор од Виенските дипломатски конвенции денеска Бејли побара да се заобиколи референдумот и да се оди на промена на името во Собранието на РМ. Дали има контрола овој амбасатор и свесен ли е Стејт департментот како истиот се однесува не е јасно? 
Бејли денеска си го толкуваше по свое референдумот. Иако не е исполнет цензусот тој сака да види дека некој гласал за. Но во исто време не ги гледа полнетите кутии ширум Македонија. Не го спомнува Арачиново и Сарај. Господине Бејли немаше јасно изразена воља на мнозинскиот народ вчера на референдумот. Вие и онака сте на заминување а и не ја претставувате идеолошката структура на новиот американски претседател. Согласно тоа не е ни мудро намерно да ги влошувате односите меѓу нашите држави. Сигурни сме дека никаде во Америка или во Европа ако не успее референдум по било кое прашање не се користи реториката која што ја користите вие.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...