Две лица се хоспитализирани со сомнение за мајмунски сипаници во Санкт Петербург, Русија, и се под медицински надзор, соопшти денес прес-службата на меѓурегионалната канцеларија на Роспотребнадзор за градот и регионот.
Беше спроведена комплетна серија антиепидемиски мерки, објави ТАСС.
„Во текот на епидемиолошката истрага, се работи на идентификување на контактите. Две лица се хоспитализирани и се под медицински надзор. Издадени се наредби за дезинфекција“, се наведува во соопштението.
Роспотребнадзор разви и регистрираше модерни, високотехнолошки системи за тестирање за дијагностицирање на мајмунски сипаници, кои овозможуваат брзо откривање на вирусот.
Кон средината на октомври, прес-службата на Меѓурегионалната канцеларија на Роспотребнадзор за Санкт Петербург и Ленинградскиот регион објави дека пет лица со сомнение за мајмунски сипаници се хоспитализирани во Санкт Петербург во лесна до умерена состојба.
Пациентите беа отпуштени две недели подоцна.




