Бизарно интервју на селекторот на Хрватска – праќаше срце и глумеше дека одговара (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Хрватска и покрај денешната убедлива победа над Бахреин (43-32) нема да стигнат до четврт-финале на СП 2023 во Шведска и Полска, бидејќи за тоа им требаше Данците да загубат од Египет со дури 12 гола разлика, но тие на полувреме дури и водеа со пет погодоци разлика.

Ова донесе големо разочарување кај хрватската спортска јавност, која очекуваше борба за медали или барем за останување во игра за пласман на ЛОИ 2024 година, поради што по средбата селекторот Хрвое Хорват во телевизиско интервју доби логично прашање дали ќе си поднесе оставка. Наместо одговор, тој само ѝ фаќаше сеир на новинарката отворајќи ја устата без да пушти глас, што го правеше и на прашањето дали ја има поддршката на хрватскиот ракометен сојуз.

Пронајдете не на следниве мрежи: