Билјана Ивановска: Тоа што немавме дипломатски пасоши и службени автомобили не не спречи навреме да стигнеме на сите сесии од скринингот со ЕК во Брисел

Поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска во име на сите членови на претходниот состав упати реакција до јавноста по повод соопштението на ДКСК зс “Дипломатските пасоши”

-Обврска на медиумите е да го следат работењето на институциите и на фунционерите и за тоа навремено и целосно да ја известуваат јавноста.

Како поранешни членови немаме никакво влијание ниту врз работењето на Комисијата ниту врз работењето на медиумите.

Извештаите за работењето на претходниот состав на ДЛСК, како и извештаите на Европската Комисија и другите меѓународни организации и тела, го прикажуваат односно го оценуваат работењето на Комисијата во нашиот мандат.

Тоа што немавме дипломатски пасоши и службени автомобили ниеднаш не не спречи навреме да стигнеме и активно да учествуваме на сите сесии од скринингот со ЕК во Брисел.

Изненадува констатацијата дека одењето пешки, возењто велосипед или користењето јавен превоз е чист популизам. По кој основ или критериум оваа наша навика што ја практикуваме и пред и по мандатот е оценета како популизам.

Ова е навреда за сите совесни функционери кои се однесуваат домаќински со народните пари и за сите совесни граѓани кои почитуваат европски вредности и се грижат за животната средина – напиша Ивановска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.