Бирократските бесмислици на Брисел не донесоа мир во Украина – Орбан со одговор за Борел

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вечерва објави дека „токму бриселските бирократски бесмислици не донеле никаков резултат за воспоставување мир во руско-украинската војна“.

„Ако сакаме да ставиме крај на војната, потребен ни е политички пристап, наместо бирократски“, објави Орбан на платформата Х како коментар за пораката на шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел.

Борел претходно на платформата Х напиша дека посетата на Орбан на Москва спаѓа исклучиво во билатералните односи меѓу Унгарија и Русија.

Орбан денеска ја заврши посетат ана Москва и напиша:

„Ги завршив моите разговори во Москва со претседателот Путин. Целта ми беше да ги отворам каналите на директна комуникација и да почнам дијалог на најкраткиот пат до мир. Мисијата е завршена! Продолжува в понеделник…“, напиша Орбан.

Пронајдете не на следниве мрежи: