Битолчанец со месеци силувал 18-годишна девојка, ја уценувал со објава на интимни фотографии

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 4 во врска со став 1, како и Уцена предвидено и казниво според член 259 од Кривичниот законик.

Во периодот од декември 2023 до март 2024 година, спротивно на јасно изразената волја на оштетената 18-годишна девојка, тој ја наведувал на полови дејствија без нејзина согласност со сериозна закана дека ќе открие нешто што би и наштетило на нејзината чест и углед.

Преку профил на социјална мрежа тој комуницирал со жртвата, користел нејзини интимни фотографии и се заканувал дека ќе ги сподели и ќе ги направи јавно достапни, наведувајќи ја на сексуални односи и на други полови дејствија спротивно на нејзина волја доколку сака да ја спречи објавата на фотографиите.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола доставил и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Предлогот, како што соопштија надлежните е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.