Бијонсе и Џеј-Зи легално престојувале на Куба

Контроверзната посета на комунистичка Куба на поп дивата Бијонсе и ѕвездата на хипхопот Џеј-Зи бил дел од културната размена и не претставува кршење на економското ембарго на САД за оваа островска земја, изјави во средата висок функционер на американското министерство за финансии.Аластер Фицпејн, помошник на американскиот министер за финансии за правни работи објаснил во својот допи до републиканските пратеници дека Бијонсе и Џеј-Зи настапиле на Куба во рамките на образовната размена во организација на едно здружение, со дозвола на OFAC, Бирото за контрола на странската сопственост, со цел да се промовираат контактите меѓу луѓето.Фотографиите на Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј-Зи како шетаат низ кубанската престолнина Хавана опкружени од стотици обожаватели предизвикаа контроверзни реакции во САД. Според одредбите од американското ембарго воведено во однос на Куба во 1962 година, американските државјани не смеат да престојуваат на Куба и да трошат пари без дозвола на американската влада.
МакфаксКонтроверзната посета на комунистичка Куба на поп дивата Бијонсе и ѕвездата на хипхопот Џеј-Зи бил дел од културната р

Пронајдете не на следниве мрежи: