Би-Би-Си добил 100.000 жалби за известувањето за смртта на принцот Филип

Loading...

Би-Би-Си добил 100.000 жалби од гледачите за известувањето по повод смртта на војводата од Единбург.
Корпорацијата во петокот веднаш го расчисти дневниот програмски распоред откако беше објавена веста дека принцот Филип почина на 99-годишна возраст.
Сапунската опера „Истендерс“ и финалето на натпреварувачкото шоу „MasterChef“ беа заменети со вести, додека програмата на каналот Би-Би-Си 4 (што емитува филмски, музички, документарни и забавни содржини) беше целосно прекината.
Би-Би-Си одби да го потврди бројот на поплаки што ги добил. Деталите за поплаките официјално ќе бидат објавени во четврток. Бројките треба да бидат вклучени во двонеделниот билтен на радиодифузерот за добиени жалби.
Бројка од 100.000 поплаки за известувањето за смртта на принцот Филип може програмската шема на Би-Би-Си да ја претвори во програма со најмногу поплаки во историјата на куќата.
Содржината продолжува после огласот
Простатитисот исчезнува за само два дена, главната причина е…
Sponosored by MonadPlug
Би-Би-Си не е единствениот медиум што ја прилагоди својата програма за соодветно покривање на смртта на принцот Филип – бидејќи и ИТВ и Канал 4 емитуваа дополнителни вести.

loading...