Тие се свршени со Бен, а „најголемата пречка“ се законите за брак во Австралија кои ги спречуваат да ја официјализираат нивната необична заедница.
Идентичните близначки Ана и Луси Деќинкве (35) од Австралија споделуваат се, вклучително и нивниот вереник и тврдат дека се најидентичните близначки на светот. Ја мерат храната во еднакви порции, јадат во исто време, дури и спијат и се тушираат заедно. Тие ги направија истите естетски интервенции и носат идентична облека за разликата меѓу нив да биде што помалку забележлива, а сега се обидуваат да забременат во исто време со нивниот вереник Бен.
Ана и Луси зборуваат истовремено и ја користат секоја прилика да си ги довршат речениците.
„Само мислиме дека сме една личност“, велат близнаците.
Тие почнаа да се гледаат со Бен пред 11 години, кога тој почна да им праќа пораки на двете. Тие се согласија да излегуваат со него во исто време, бидејќи Бен сфати колку се блиски и не сакаше да ги раздели, за разлика од мажите со кои се забавуваа претходно.
„Делењето дечко за нас е сосема нормално за да не се разделиме во ниту еден момент. Во оваа врска нема љубомора, бидејќи ако Бен ја бакне Ана, ќе ме бакне и мене“, рекла Луси.
Тие открија и како изгледаат нивните интимни односи.
“Бен секогаш ги задоволува и двете. Ако на едната и направи нешто во кревет, ќе го направи и на другата”, велат близначките.
Овие сестри веќе некое време се свршени со Бен, а „најголемата пречка“ се законите за брак во Австралија.
„Она што не кочи е тоа што не можете да бидете во брак со две лица и се надевам дека тоа ќе се промени“, рече Бен.
Близначките ги шокираа гледачите на британската утринска емисија „Dis Morning“ кога рекоа дека во исто време сакаат да забременат.
„Не можеме една без друга, не можеме да бидеме разделени… Ако е можно, би сакале да забремениме во исто време“, велат овие популарни сестри.
Водителите на шоуто ги прашале како се чувствува Бен, со оглед на нивната желба да ги оплодат и двете во исто време, а нивниот одговор беше смеа.
„За Бен е двојна љубов, тој разбира дека мораме да бидеме исти и мора да правиме се заедно 24/7. Го најдовме тоа што го баравме и многу сме благодарни што Бен е со нас – заклучија близначките.
Пронајдете не на следниве мрежи: