„Блиску сме до победа“: Андриј Јермак, советник на Зеленски

Украина сега не размислува само за одбрана, туку и за ослободување на окупираните територии. Ќе го вратиме и последниот сантиметар од нашата земја“, изјави за Дојче веле советникот на Зеленски, Андриј Ермак.

„Блиску сме до победа“: Андриј Јермак, советник на Зеленски

Украина втора година го слави Денот на независноста во услови на војна против руските освојувачи. „Единството на нашата нација е без преседан“, истакна во оваа прилика шефот на претседателската администрација Андриј Јермак. Тој смета дека е постигнат клучниот момент во војната: „Имам чувство дека сме блиску до победа“, изјави 51-годишниот советник на претседателот Зеленски за ДВ.

„Додека не го ослободат последниот сантиметар од украинската земја“

„Никој не знае уште колку ќе трае ова, но ние веќе изминавме долг пат“, нагласува Ермак. Тој потсетува дека на почетокот на руската инвазија се веруваше дека Украина нема да трае повеќе од три дена, потоа станаа неколку месеци, а војната веќе трае година и половина. „Нашите напори сега се насочени не само кон нашата одбрана, туку и кон ослободување на окупираните територии“, уверува тој.

Нема да застанеме додека не им се врати „последниот сантиметар украинска земја“ од Русите, продолжува Јермак. Нема ништо повеќе од тоа да победиме и да го вратиме мирот во нашата земја“. Сепак, тоа воопшто не значи преговарање со Москва – не пред сите руски војници да ја напуштат Украина, додава претседателскиот советник: „Нашиот став е јасен, на сите им е познато: додека руските трупи се на наша територија, не може има било какви преговори“.

Контраофанзивата напредува, иако бавно

Во текот на контраофанзивата, која започна летото, украинската армија напредува, иако премногу бавно, вели и шефот на претседателскиот кабинет. Постојат три главни причини за ова: „Голем дел од територијата е минирана. Второ – сè уште немаме доволно оружје. А третата причина е што се разликуваме од Русите – додека во Кремљ ги гледаат своите војници како топовско месо, ние ги цениме нашите луѓе и размислуваме за нив“, вели Ермак. „Тие дури и не ги собираат телата на сите загинати војници“, додава тој.

Понатаму, шефот на претседателскиот кабинет се задржува на меѓународната поддршка за Украина и особено ја нагласува улогата на Германија. Таа стана една од нашите најголеми поддржувачи“, нагласува Андриј Јермак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.