Три камиони натоварени со земја го блокираа, во четврток, влезот на зградата на Основниот суд во Косовска Митровица во кој се очекува изрекувањето на пресудата на шестмина Срби за кривични дела сторени во март 2008 година, за време на заземањето на локалниот суд.Како што јавува ТВ Мост, до судот дошле и припадници на ЕУЛЕКС со повеќе од триесет возила, вклучувајќи и оклопни, но брзо се повлекле.Со претставникот на мисијата ЕУЛЕКС, пред зградата разговарал началникот на Косовско-митровечкиот округ, Раденко Недељковиќ, кој му кажал дека ЕУЛЕКС не може да присуствува на денешното изрекување на пресудата, затоа што тоа се оценува како уште една провокација на Србите на северот на Косово.„Можат судиите и тужителите, но не и претставници на мисијата на ЕУЛЕКС. Тие денеска не можат да влезат в суд“, му рекол Недељковиќ на претставникот на ЕУЛЕКС, кој му рекол пак, дека за тоа одлучуваат неговите претпоставени, ане тој.Основниот суд на ЕУЛЕКС, денеска во 11 часот треба да ја изрече пресудата.Обвинети се Миодраг Ралиќ, Небојша Јовиќ, Марјан Илинчиќ, Драган Радојевиќ, Зоран Чавиќ, Авни Кастрати и Александар Арсенијиевиќ.Адвокатот оцени дека судењето било фер, и дека претседателката на советот била коректна, што според него, не може да се каже за тужителката која обвинетите ги товари и за дела, кои сите правници, знаат дека не се кривични.Тој вели дека судењето било тешко, дека се сослушани многу сведоци, но не и тогашниот министер за Косово, Слободан Самарџиќ, со образложение дека тој изнел политички оцени.
МакфаксТри камиони натоварени со земја го блокираа, во четврток, влезот на зградата на Основниот суд во Косовска Митровица во