Вечерва, во 20:53 часот Блок 2 на РЕК Битола е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем, сooпшти АД ЕСМ.
-По целодневна, непрекината работа на вработените во ПE Термоелектрани на REK Битола, отстранети се последиците од испадот на блокот, предизвикани од силното невреме што вчера ја зафати Пелагонија и постројката е ставена во функција, стои во соопштението.
Од компанијата додаваат дека согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола ќе продолжи со работа со еден блок и во претстојниот период.
-Изнесените наводи во соопштенија на различни партиски тела, пренесени во дел од медиумите, кои се однесуваат на причините за испадот на блоковите и за состојбите во РЕК Битола деновиве, не заслужуваат било каков коментар бидејќи не само што се апсолутно неточни, туку се и под секое ниво на комуникација во јавниот простор, стои во соопштението.