Поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ го прослави влегувањето во седмата деценија, а по тој повод неговата сопруга организираше голема прослава.
Имено како што дознаваат српските медиуми, веселбата се одржувала во еден ресторан во Тиват каде се собрало само најтесното семејство.
Како што може да се види на една од снимките, Боба во еден момент ја стопира музиката за да дојде роденденската торта порано од очекуваното, но само бидејќи неговиот внук Александар морало да оди да спие.
По ова тој имаше и свој говор пред присутните.
-Желбата ми беше ова да биде спонтана вечер, 60 години не се малку, но не се ни многу. Јас се чувствувам како да имам 37 и тука ќе останам, мислам дека годините се само бројка и треба да се ужива во нив заедно со семејството и пријателите, вели сопругот на Брена во својот говор.
Тортата инаку беше на три ката и беше во сина боја со морски фигури на неа.
На прославата највесели беа синовите Филип и Виктор, како и снаата Александра Пријовиќ заедно со нејзината мајка Борка.