Во 2022 година, американскиот Стејт департмент објави извештај до Конгресот за проценетата нето вредност и познатите извори на приход на тогашниот сириски претседател Башар Ал-Асад и неговото семејство, што се проценува на меѓу 1 и 2 милијарди долари.Извештајот ги опфаќа финансиите на Башар Ал Асад, неговата сопруга Асма, братот Махер, сестрата Бушра, братучедите Рами и Ихаб Махлуф и неговиот вујко Рифат Асад. Сепак, немаше доволно информации за нето вредноста на децата на Башар Хафиз, Зеина и Карим.Во извештајот се вели дека е тешко точно да се процени имотот на Ал Асад и неговите роднини бидејќи се верува дека нивните средства се дистрибуирани и скриени на бројни сметки, портфолија со недвижнини, корпорации…„Секој имот лоциран надвор од Сирија, а кој не е запленет или блокиран, најверојатно ќе се чува под лажни имиња или други лица за да се прикрие сопственоста и да се избегнат санкции“, се вели во извештајот.По објавениот извештај немаше нови информации, но тешко дека цифрата отиде надолу.Да потсетиме, во историски момент за Блискиот Исток, на 8 декември 2024 година, сириските бунтовници прогласија крај на владеењето на претседателот Башар ал Асад, откако го зазедоа Дамаск. Ова го означи крајот на повеќедецениското владеење на Асад, кое со текот на годините доведе до страшна граѓанска војна, смрт на многу луѓе и создавање бегалска криза.Илјадници луѓе се собраа во Дамаск, славејќи го ослободувањето од династијата Ал Асад и извикувајќи „Слобода“ на главниот градски плоштад. Премиерот Мохамед Гази ал Џалали повика на слободни избори.
Пронајдете не на следниве мрежи: