Прописите мора да се почитуваат, и важат за сите, па и за нашите спортски легенди како што е Перо Антиќ, инаку актуелен претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија.
Имено Саша Богдановиќ, градоначалникот на Центар и прв човек на КК Работнички, се пофали, односно објави како „пајак“ на ПОЦ го „дига“ Ферарито на Перо Антиќ поради непрописно паркирање. Се разбира дека ова наиде на одобрување на обичните граѓани на Скопје, како што велат секое возило, па макар и на наши легенди мора да биде паркирано прописно.