Богдан и купил два прстена на Цеца – кога ќе прочитате што вели пејачката за стапување во брак по втор пат сè ќе ви се разјасни

Пејачката Цеца Ражнатовиќ неодамна на социјалните мрежи сподели фотографија со прстен, па поради тоа започнаа шпекулацииите дека нејзиниот партнер Богдан ја запросил.
Таа сега ги прокоментира овие приказни и откри дали планира по втор пат да застане на лудиот камен.
– Сакав да напишам дека не сум добила еден, туку два прстена. Тоа се глупости. Јас ви имам кажано дека веќе нема да се мажам. Можам себе си да се замислам во венчален фустан, но да пеам на плејбек. И со задоволство облекувам венчални фустани, но да застанам пред матичар и поп, тешко – рекла Цеца во емисијата „Премиера“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.