Бог те носи кога не можеш понатаму!

Бог те носи кога не можеш понатаму. Тој ти е блиску кога ти е најтешко. Со Својата моќна рака те потпира и не допушта да пропаднеш.

Од март директна авиолинија од Скопје до Амстердам
Од март ќе биде воведена директна авиолинија од Скопје до Амстердам. Аеродромот …
Обезбедувањето го спасило познатиот актер: Непознат маж упаднал во неговата палата
Обезбедувањето на Мајкл Б. Џордан повикало полиција откако непознат маж лесно упаднал …

Фактот е дека живееме во несовршен и уништен свет и дека праведните и неправедните, добрите и лошите ги трпат последиците на оваа планета. Една од најтешките задачи со кои ќе се соочиме е да се држиме до вистината, иако чувствата ни велат дека не е баш така лесно.

Сетете се како Исус ни ветил: “Никогаш нема да те напуштам ниту оставам” (Евреите 13:5). Тој рекол: “Еве, Јас Сум со вас сѐ до крајот на светот” (Матеј 28:20). 

Еден ден ќе се свртиш назад и ќе ја погледнеш Неговата рака и ќе знаеш дека навистина одел со тебе низ мрачните денови. Дотогаш, не е важно што не разбираш сѐ, важно е да Му веруваш и понатаму!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.