Боки 13 имал средби со Кирацовски и Ременски во Собрание, пишува “Магазин“

Бојан Јовановски, на македонската јавност попознат како Боки13, од јуни до ноември 2018 година во македонското Собрание, имал најмалку три работни средби со пратеникот и тогашен генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. Средбите биле во работно време во канцеларијата на Кирацовски и траеле по околу час и половина. На две од тие средби присуствувала и пратеничката Фросина Ташевска Ременски, потпретседател на Собранието од редовите на СДСМ, објави порталот “Магазин“.
– Посетите во Собранието на Македонија од страна на Боки13 биле уредно заведени од собраниското обезбедување кое, според пропишаните процедури, во регистарот на посетители го запишувало неговото име и презиме, и време на влегување, за што задолжително се води евиденција при самиот влез. Засега не е познато кои биле темите на разговор при овие средби на Боки13 и пратеникот Кирацовски во Собранието. Ова за Магазин го дојави службеник вработен во Собранието, кој инсистира на анонимност, но уверува дека ваквите средби можат со сигурност да се потврдат со увид во собранискиот регистар на посетители, како и преку снимките на безбедносните камери, пишува порталот.
Целиот текст може да го прочитате на магазин.мк

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.