Боки 13 на слобода, добил прекин на казната

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода. Причината е лошата здравствена состојба во која се наоѓа, за која Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе клиники, но и повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми.

Пред осум месеци, му беше отстранет и скоро целиот желудник.
Ужас во Франција: Ги yбил своето семејство — сопругата и двете деца на возраст од една и пет години
Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност и кој одел на работа, забележал маж вооружен со нож како напаѓа минувач на улицата, соопшти ТВ …
Ердоган предлага да се формира сојуз на исламските држави против Изpаел – Тие му порачаа да се засрами
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека исламските земји треба да формираат сојуз против, како што рече, „растечката закана од експанзионизам“ од Израел.Тој го изјави ова откако …

Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, а откако му беше извршена операција и му беше отстранет желудникот.

Боки 13 поднесе и куп кривични пријави против политичари, бизнисмени, обвинители. Тие требаше да ги процесира Обвинителството, а нивната судбина е непозната за јавноста…. 

„По однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор за осуденото лице Бојан Јовановски и истата е доставена до осуденото лице. Ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на иста постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице“, изјави неговиот адвокат Туфегџиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.