Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 денес од затворот во Шутка, каде што е притворен во врска со случајот “Рекет“ беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Toj примил инфузија на Клиниката за торакална хирургија, но не е задржан во болница, потврди за “Плусинфо“ директорот на Клиниката за торакална хирургуја Неџати Јакупи.
– Бојан Јовановски вторпат го примивме на преглед поради желудочни тегоби. Тој претходно имал операција на желудникот. Тој прими инфузија и ќе продолжи со испитувања на други клиники – изјави Јакупи.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.