Боки 13 повторно однесен во Клиничкиот центар “Мајка Тереза“, па вратен во затвор

Првоосомничениот во случајот “Рекет“, Бојан Јовановски познат како Боки 13 утринава повторно бил однесен во Клиничкиот центар “Мајка Тереза“, дознава “Курир“.
Според нивните информации на Јовановски му биле извршени испитување и снимања на абдоменот, по што бил вратен во затворот Шутка.
Јовановски на Клиника беше и на 5-ти месецов поради болки во стомакот. Тогаш директорот на Торако-васкуларната клиника, Неџати Јакупи, изјави дека здравствените проблеми на Боки 13 се резултат на претходни хируршки зафати.

Loading...