вторник, 24 ноември 2026
Најново

Добри луѓе му помогнале на Шилегов да го извади џипот од калта

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По синоќешната објава за сообраќајната несреќа на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, тој утринава ја контактираше редакција на „Во Центар“ и објасни што точно се случувало синоќа. Имено, како што има наведено и во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук, не извести дека возилото му заглавило во калта на раскопаните тротоари и морало да биде присилно извлечено бидејќи шлајфувало во место. Со оглед на тоа дека се работи за џип марка БМВ, потежок од 2,5 тони, не е ни чудо што била неопходна помош од добрите луѓе кои му помогнале да се извади возилото. Шилегов се враќал од подшишување кога му се случила незгодата.

Во продолжение го објавуваме целиот фејсбук статус на поранешниот градоначалник на Град Скопје.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Најпрво добро утро. Дури утрово гледам каква вирална “галама” се кренала синоќа за една најбанална работа.

1. Немаше никаква сообраќајна незгода. Возилото заглави во калта на раскопаните тротоари и мораше да биде извлечено бидејќи шлајфуваше (воверојатно и тогаш е направена снимката).

2. Благодарение на пријатели и случајни минувачи за помалку од 10 минути го извадивме возилото и си појдовме на кафе . Убавиот дел од оваа приказна е дека повторно се убедив дека без оглед кои сме и што сме, солидарноста и човечноста се сила која што помага и победува.

3. Да искажам голема благодарност на луѓето кои помогнаа, но и на луѓето кои беа загрижени од вака пренесената вест. Бидејќи немаше никаква сообраќајна незгода, апсолутно нема потреба од било чија загриженост. Добар сум, ништо не ми е, а нормално ни возилото не е оштетено (ќе треба да се измие од калта)

4. За злобните и тенденциозни коментатори: вашата злоба и вашата љубомора, како и секогаш до сега, мене ќе ме направат посилен, а вас уште понесреќни. Ќе ве изеде љубомората. Тоа што ќе опцуете, ќе се ситите, ќе пишувате “мртов пијан бил”, нема да ја смени вашата реалност, ниту пак сликата што утрово ќе си ја видиете во вашите огледала: несреќни, злобни, љубоморни на другите поуспешни од вас, исфурстрирани. Помогете си себе си на начин што ќе почнете нешто и да работите во животот, освен да “мудрувате” на ФБ, и да, пробајте ментално да се надминете и да почнете да сакате, не да мразите. Туѓата среќа или несреќа, вас не ве прави ниту попаметни, ниту побогати, ниту пак посреќни. Прстот на чело драги злобници, почнете да работите на себе, само така ќе станете и подобри и посреќни луѓе.“

Поврзани вести