Водството на СДСМ донесе одлука дека на 21 март ќе се одржи вонреден конгрес каде што ќе се гласа за новиот претседател на СДСМ како и за негови соработници.
Неофицијално, пред неколку дена искочија информации дека Боки 13 ќе се кандидира за претседател а денеска официјално тој пред денешното судење за Меѓународен сојуз потврди дека ќе се кандидира за претседател истакнувајќи дека повеќе детали јавноста ќе добие во форма на соопштение.