Бојан Јовановски попладнево со носилки е изнесен од Обвинителството за организиран криминал и висока корупција, јавува ТВ“21“.
Боки 13 на пладне со полициска придружба беше донесен во Обвинителството од КПУ Затвор-Скопје, но поради влошената здравствена состојба во Апелација дојде Брза помош и го изнесе на носилки.
Медицинската екипа пристигна во Обвинителството дваестина минути по доаѓањето на Јовановски кој како првоосомничен денеска требаше да дава исказ за „Рекет“, по извршениот увид на доказите.
Пронајдете не на следниве мрежи: