Бомбашки напад врз факултет во Дамаск, најмалку 15 мртви

Најмалку 15 луѓе се убиени, а 20 се ранети во експлозија на граната во кафетеријата на факултетот за архитектура во Дамаск, јавуваат сириските медиуми.

Сириската државна телевизија јави дека нападот го извеле терористи.
Сириската опсерваторија за човекови права пренесе дека „неколку гранати паднале во областа каде е сместен универзитетот”.
Од почетокот на неделата бунтовниците почнаат да напаѓаат делови на Дамаск каде што се сместени државните институции, меѓу нив и зградата на државната телевизија. Во последните недели противниците на претседателот Башар ал-Асад засилено напаѓаат цели во главниот град на Сирија.
Makфакс
Најмалку 15 луѓе се убиени, а 20 се ранети во експлозија на граната во кафетеријата на факулте

Пронајдете не на следниве мрежи: