Џон Бон Џови за време на гостувањето во шоуто на Кети Курик прв пат јавно проговори за својата ќерка Стефани (19) и проблемите кој таа ги има со дрогата. Тој раскажа како се чувствувал кога му било јавено дека таа се предозирала во својата соба во студенскиот дом во Њујорк. Стефани тогаш била пренесена во болница каде и бил спасен животот, по што била испратена во дом за одвикнување од хероин.
„Тоа беше најлошиот телефонски разговор во мојот живот“, вели Џон Бон Џови нагласувајќи дека до тој момент не бил ни свесен дека ќерка му се дрогира. Тој откри дека се посветил на лечењето на своето дете и дека Стефани сега се чувствува подобро и повеќе не конзумира дрога.
„Мислам дека сум сепак благословен, бидејќи таа е здрава. Сите заедно ќе го пребродиме тоа. Денес врз децата има голем притисок. Тие имаат пристап до работи кои мојата генерација ги немаше “, заклучи Бон Џови.
Стефани е неговата најстара ќерка од четирите деца кои ги има со Дороти Харли, со кој е во брак веќе 23 години.Џон Бон Џови за време на гостувањето во шоуто на Кети Курик прв пат јавно проговори за својата ќерка Стефани (19) и пр