Српскиот рокер Борислав Ѓорѓевиќ или познат како Бора Чорба, демантира дека некогаш изјавил за Македонија дека е српска бановина, а Македонците зборуваат српски со говорна мана.
„Никогаш не сум кажал такви грозни работи. Немам намера да се правдам и извинувам затоа што такво нешто не излегло од мојата уста.
Тоа е само болна медиумска конструкција“ изјави тој.
“Член сум на српското четничко движење, национално движење кое е многу постаро од втората светска војна. Националист сум, и тоа е добро.”, изјави неодамна Бора Чорба во емисија на хрватската “ТВ Нова”. За познатата емисија “Ред карпет” на “Нова”, Бора изјави дека “Спремете се четници” е македонска песна, а Македонија е јужна српска бановина“.
По социјалните мрежи и интернет форумите, граѓаните деновиве коментираа дека Македонија дава огромни пари за истрошени балкански ѕвезди, наместо да инвестира во своите пејачи и музичари.
Бора Чорба често е во Македонија, беше на ланскиот охридски “Пиво фест”. Со “Рибља Чорба” во Скопје настапи во рамките на турнејата по повод 30 години од формирањето.
Видеото е потсетување на она што за ТВ Пинк, Бора Чорба го кажа во 2010 година за тоа кои се четниците, и зошто рекол дека нема да настапува во екс ЈУ просторите, особено во Хрватска.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.