БОРА ЃОРЃЕВИЌ СТАВЕН НА РЕСПИРАТОР! Менаџерот открива нови детали за здравјето на фронтменот на “Рибља Чорба”

Здравјето на музичарот Бора Ѓорѓевиќ е сериозно нарушено и тој моментално се наоѓа на лекување во болница во Љубљана.Фронтменот на „Рибја чорба“ има проблеми со белите дробови, а како што се дознава состојбата му се влошила и моментално е на вентилатор!– Бора моментално е на вентилатор поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест – изјави за Курир Бане Обрадовиќ, менаџер на групата „Рибља чорба“.Да потсетиме, фронтменот на „Рибље чорбе“ пред неколку дена беше задржан во болница во Љубљана поради проблеми со белите дробови.Потоа на официјалната Фејсбук страница на групата „Рибља чорба“ беше објавено соопштение за неговата здравствена состојба.– Драги пријатели, поради нарушено здравје, лекарите му забранија на Бора Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега поради тешка пневмонија како и влошување на состојбата со хронична опструктивна болест на белите дробови. Секако, како и секогаш, ќе ја победиме болеста и штом Бора оздрави, ќе се видиме на нови собири – пишуваше тогаш на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: