Познатиот српски текстописец Марина Туцаковиќ неодамна откри дека борбата со ракот се уште не е готова.
Имено на Марина ракот на дојката и беше дијагностициран во февруари 2018 година, а во моментов се уште прима терапија.
Нејзината хемотерапија е во тек, а со оглед на тоа дека станува збор за лекување кое го уништува имуниот систем скоро секој ден прима инфузија.
„После хемотерапијата ми е лошо, имам мачнина и вртоглавица, во инфузијата примам одредена комбинација на витамини кои многу ми помагаат брзо да ми се врати силата“, вели Марина за српските медиуми.
Таа додава дека силата и волјата не ја напуштиле и дека се надева на најдоброто