Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, рече дека Киев навистина добил дозвола од САД да изврши напади длабоко на руска територија до 300 километри.
„Да, администрацијата на Бајден одобри употреба на оружје доставено до Украина во радиус од 300 километри на територијата на Русија. Подобро било што отколку ништо. Не сум воодушевен од тој дострел, но тоа е одлука на администрацијата на Бајден. Зошто таа одлука е донесена сега, а не пред претседателските избори – не знам“, изјави Борел во Брисел по седницата на Советот на министри за надворешни работи на земјите од ЕУ.
Тој исто така рече дека Советот не се согласил за заеднички став за нападите на руска територија со оружје што му било доставено на Киев.
„Разговаравме на таа тема, многупати го повторив тоа што го кажав: треба да се потпреме на одлуката на САД. Ми се чини разумно дека оружјето не се доставува само за да се одбие напад, туку и да се таргетира изворот. Но, таа одлука ја носи секоја земја од ЕУ на национално ниво. Не договоривме заеднички став, секој ќе постапи по сопствена дискреција. „Го земаме предвид и фактот дека американската администрација, која долго време го одбиваше, конечно даде согласност“, нагласи Борел.