Борењето од Олимписките игри во 2020 година повеќе нема да биде олимписки спорт, вака реши Извршниот комитет на Меѓунардониот олимписки комитет (МОК), на седницата во Лозана.
Уште претходно беше најавено дека МОК ќе избрише еден спорт, но добро упатените веруваа дека тоа ќе биде модерниот пентатлон и покрај тоа што овој спорт е креација на основачот на модерниот олимпизам Пјер де Кубертен.Извршниот комитет на МОК, одлуката да го избрише борењето ја донел откако ги разгледал состојбите во сите 26 спортови кои се наоѓаат во олимписката програма. На последната олимпијада во Лондон, во борење во слободен и грчко-римски стил, се натпреварувале 344 борачи.Инаку, Македонија единствениот медал на ОИ го има освоено токму во овој спорт, во Сиднеј во 2000 година Могамед Ибрагимов, во категоријата до 85 килограми го освои бронзениот медал.МОК дополнително ќе решава кој спорт ќе биде внесен во програмата на Олимписките игри во 2020 година.
Макфакс Борењето од Олимписките игри во 2020 година повеќе