Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека во среда околу пладне ќе поднесе оставка на целата влада, пренесуваат бугарските медиуми.„Власта ни ја даде народот, денеска му ја враќаме“, изјави Борисов од говорницата во парламентот. Народните пратеници неговото обраќање го проследија со аплауз, а парламентарната група на владејачката ГЕРБ ја напушти пленарната сала, откако Борисов слезе од говорницата.„Вчера направивме максимум да одговориме на барањата на демонстрантите. Од денеска натака немам што повеќе да направам за да им помогнам на демонстрантите. Не можам Орлов мост да го гледам крвав. Секоја капка крв за нас е дамка. Јас не можам да гледам парламент ограден со ограда“, порача Борисов.Тој рече дека не му е цел, ниту има корист доколку треба да се пази од народотПри ваква ситуација државата има нужда од нов кредит за доверба и народот да се определи како до сега да се управува натаму. За овие четири години направивме максимум, рече Борисов.Оставката на Борисов уследи по десетдневни жестоки протести ширум државата. Илјадници бугарски граѓани секоја вечер скандираа „Оставка“, „Мафија’ и „Бојко оди си“.Протестите кулминираа со судири меѓу демонстрантите и полицијата во центарот на Софија при што десетина лица беа повредени.Протестите во Бугарија првично започнаа против високите сметки за струја, но потоа се претворија во протести против централно-десничарската влада.Пред два дена оставка поднесе министерот за финансии на Бугарија Симеон Ѓанков.Владината оставка е на само неколку месеци пред редовните парламентарни избори, кои треба да се одржат во јули.
МакфаксБугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека во среда околу пладне ќе поднесе оставка на целата влада, пренесува