Ракометниот натпревар на кој ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина се сретна со Косово во Тузла покажа дека политиката е длабоко навлезена во спортот.
Во прашање беа квалификациите за ЕП.Гостите беа пречекани од локалните навивачи со аплауз, додека најжестоките локални навивачи Фанатикос го истакнаа слоганот:
„Добредојдовте играчи на независно Косово“.
Босна и Херцеговина не го признава Косово за независна држава.
Инаку, Европската ракометна федерација ЕХФ го призна Косово уште во 2014 година и оттогаш играат меѓународни натпревари. Сепак, тие досега не се пласираа на некое големо натпреварување.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.