БОТИН: Најстариот ресторан во светот се наоѓа во Мадрид

Ресторанот „Ботин“ во Мадрид е основан во 1725 година, а во Гинисовата книга на рекорди е признаен како најстар ресторан во светот. Авторите на каналот „Грејт биг стори“ на „Јутјуб“ го посетија ресторанот „Ботин“, за да се обидат да откријат некои од тајните на неговата долговечност. Една од најуникатните карактеристики на ресторанот е неговата печка, која постојано работи речиси 300 години.

БОТИН: Најстариот ресторан во светот се наоѓа во Мадрид

– Тоа е нашиот скапоцен камен. Нашиот скапоцен камен на круната. Никогаш не ја исклучуваме. Мора да биде жешка навечер и подготвена за печење наутро. Затоа никогаш не смееме да ја исклучуваме. Внатре има посебна арома, навистина е неверојатна – рече заменик-менаџерот на „Ботин“, Луис Хавиер Санчез, кој работи во ресторанот повеќе од 45 години.

Еднакво е неверојатно колку ресторанот е посветен на одржување на храната што ја служи. Иако Санчез ја опишува винската визба како „историја што дише“ на некој начин, храната има цел да има вкус на историјата, при што секој готвач учи од својот претходник и потоа ги пренесува рецептите на следната генерација.
– Нашите рецепти се многу стари, откога нашите дедовци го основале ресторанот и оттогаш останавме верни на тие рецепти – додаде тој.

Сепак, ресторанот „Ботин“ не е целосно „заглавен“ во минатото, има интернет-страница и ги има сите потребни профили на социјалните мрежи, пишува магазинот „Фуд енд вајн“.

Исто така, постои и на „Трип адвајзер“ каде што луѓето можат да оставаат критики како духовити досетки: „Ех, слушнав дека ова место го достигна својот врв во 1831 година“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.