БРАВО ЗА НАШИТЕ МОМЧИЊА: Македонија го демолираше Кипар за 1/4 финале!

Македонските кошаркарски репрезентативци беа подобри од Кипар со 102-61 и ја остварија четвртата победа на Европското првенство (ЕП) за играчи до 18 години.

Македонија го диктираше ритамот на паркетот од самиот почеток и ја доби првата четвртина со 24-13, додека водството до полувреме се зголеми на 41-29.

Кипар се распадна по паузата, па Македонија со 33-14 во третата четвртина ги реши дилемите за победникот во мечот, но тоа не ја запре до крајот на средбата да ја зголеми предноста до конечни 102-61.

Најефикасен во македонскиот состав беше Стефан Стојковиќ со 20 поени, додека Михаил Карајанис постигна 14 поени за Кипар.

Македонија го освои првото место во групата Ц и ќе игра четвртфинале на јуниорското ЕП без разлика на резултатот во последното коло од групната фаза.

Фото: sport1.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: