Нигериска готвачка и сензација на Инстаграм постави нов светски рекорд во на 15 мај, откако готвеше 100 часа.
Хилда Ефионг Баси, која на Инстаграм е позната како Хилда Бачи и има 1,5 милиони следбеници, почнала да готви во четврток и готвела 4 дена.
Гинисовата книга на рекорди сега потврди дека таа го освоила првото место на светската ранг-листа.
26-годишната Бачи го започнала својот предизвик на 11 мај со намера да го надмине претходниот рекорд од 87 часа и 45 минути поставен од Лата Тондон, индиски готвач во 2019 година.
Знаејќи дека тоа ќе биде тест за издржливост исто како и за кулинарски вештини, таа тренирала во теретана за да се осигура дека ќе може да остане на нозе.
Додека Бачи готвела вкупно 100 часа за време на четиридневниот предизвик, таа морала да прифати официјално време од 93 часа и 11 минути бидејќи, според Гинис, таа „по грешка одвоила дополнителни минути за една од нејзините паузи за одмор“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.