Нешто повеќе од една недела откако најголемата бразилска легенда Пеле почина на 82-годишна возраст, нова трагична вест доаѓа од најфудбалската земја, откако почина најдобриот стрелец во историјата на бразилската лига – Роберто Динамите (68).
Динамите е легенда на Васко Де Гама и цели три децении од својот живот му ги посвети на овој клуб од Рио де Жанеиро, а 20 години го носеше дресот на овој клуб, а во еден период беше и претседател на клубот.
Динамите за Васко има 708 гола, а сѐ уште е рекордер по број на голови во националното првенство со 190, пред Фред со 158, Ромарио со 154, Едминдо со 153 и Зико со 135 гола. За бразилската репрезентацијата даде 20 гола на 38 меча, а играше на Светските првенства во 1978 и 1982 година.
Една година беше дел и од Барселона откако во Каталонија дојде во 1979 година.