По објавеното интервју на премиерот Заев за грчката телевизија “Алфа“ во кое изјави дека Македонија со години си присвојувала туѓа, светска и балканска историја, денес српските медиуми излегоа со наслови дека македонскиот премиер признал дека Македонија нема своја историја, туку дека краде туѓа со пост реагираше новинарот Бранко Героски.
“Е јеби га, друже Заев. Читав дека пред некој ден во кабинетот сте правеле стандарди и некаков ред. Што е паметно. Ама во тој ред спаѓа и обврската сериозно да си го средиш вордингот. Најди со писмен и пристоен спич-врајтер, човек што може да ти помогне. Да не бидам погрешно разбран, јас не сум заинтересиран. Ама има паметни помлади дечки што можат да ти помогнат. Оти вака не го личи – напиша новинарот Бранко Героски на својот Фејсбук профил.