Младата полицајка Александра Олешчук (20) исчезна во неделата во Црното Море во близина на Одеса.Голем бран Александра ја одвлекол во разбрануваното море кога застанала на брегот да се фотографира. Хоророт е снимен со камера, додека локалните медиуми јавуваат дека телото на девојката се уште не е пронајдено.
pic.twitter.com/eqE9CdQjao— Pluton (@Pluton45873221) June 3, 2024
Никој од присутните не се осмелил да и помогне навреме бидејќи брановите биле превисоки и силни. На видеото се чини дека девојката ја удрила главата откако паднала.
pic.twitter.com/Z9MphSmUTg— Pluton (@Pluton45873221) June 3, 2024
– Сакаше да се фотографира на пристаништето како сувенир од нејзиниот престој во Одеса. Првиот бран ја соборил од нозе, а вториот ја однел во морето… Во тек е потрагата по телото во која учествуваат нуркачи на Државната служба за вонредни состојби – соопшти украинската полиција.
Олешук дипломирала на Државниот универзитет за внатрешни работи Лавов во април минатата година и била локална полицајка на полициската управа на округот Ривне.Според извештаите на локалните медиуми, Олешчук дошла во Одеса на одмор ден пред трагедијата.