Матијас Меси му приреди главоболки на својот брат Лионел со неодговорно однесување на социјалните мрежи, по што мораше да се извинува.
Преку профилот на својот син на „Твич“, Матијас без влакна на јазикот почна да кажува што мисли за Барселона, за нејзиниот претседател Лапорта и општо за Каталонците, велејќи дека Меси нема да се врати таму и дека тој е поголем од клубот.