Брачен советник: Не стапувајте во брак со маж кој ги има овие четири особини

Изборот на партнер за живот е една од најважните одлуки што ги носиме. Љубовта е прекрасна, но бракот бара многу повеќе од чувството на приврзаност. Според советничката за семејство и брак Тина Феј, одредени особини можат да бидат предупредувачки знаци дека партнерот можеби не е вистинскиот избор за брак. Подолу се дадени клучните особини што треба да ги избегнувате за да обезбедите здрава и среќна врска.1. Непочитување„Почитувањето е основата на секоја здрава врска. Ако вашиот партнер покажува омаловажувачко однесување, ги игнорира вашите чувства или потреби или не ве цени како еднакви, тоа може да доведе до сериозни проблеми во иднина. Вие заслужувате некој што цени вашата индивидуалност и го почитува вашето мислење“, објаснува Феј за Hack Spirit.2. Емоционална недостапностПартнерот кој е емотивно оддалечен или избегнува подлабоки разговори често создава чувство на осаменост во врската кај другиот партнер. Советникот истакнува: „Емоционалната поврзаност е клучна за здрава врска. Ако се чувствувате запоставено и несакано, можеби е време да ја преиспитате вашата врска“.3. Недостаток на амбицијаАмбицијата не мора да значи големи цели во кариерата, но партнерот треба да има цел или страст, вели Феј. ,,Без каква било желба за личен развој или заедничка иднина, врската може да стагнира. Заедничката визија е клучна за долгорочниот успех на врската“, објасни таа.4. Непочитување на границитеГраниците го дефинираат прифатливото однесување во врската. Партнерот кој ги игнорира нашите емоционални, физички или ментални граници покажува недостаток на почит и разбирање.„Почитувањето на границите е основно за здраво партнерство. Затоа љубовта е важна, но не е доволна за успешен брак. Препознајте ги предупредувачките знаци и не плашете се да заминете од врска која не го поддржува вашиот раст, среќа и благосостојба Вистинскиот партнер го вади најдоброто од вас, а тоа не носи дополнителен стрес“, заклучи советникот.

Пронајдете не на следниве мрежи: