Неверството е нешто преку што паровите многу тешко поминуваат, а некои никогаш повеќе не можат да бидат со партнерот што ги изневерил. Но, брачната терапевтка Мети Силвер која со години се среќава со парови и изнаоѓа решенија за нивните проблеми, тврди дека изневерувањето може да ги спаси врската и бракот.
Брачна терапевтка тврди дека изневерувањето може да го подобри квалитетот на врската
Според неа, неверството не мора нужно да се доживува како нешто лошо, всушност после тоа врската може да биде и поцврста. Затоа таа ги советува паровите да бидат потолерантни во случај да дојде до ваква ситуација.
Раскинувањето не мора да биде следниот чекор. Напротив, според Силвер:
„Ако го простите неверството и се обидете да сфатите зошто тоа се случило, тоа може да ви помогне да ви станат работите појасни и да добиете одговори на некои прашања за кои не сте разговарале со партнерот.“
„Поентата не е да го обвинувате партнерот, туку неопходно е да разговарате по ваквата ситуација за тоа што го навело на неверство и да размислите како вашата врска би можела да се подобри“, тврди таа. На крајот дополнува и дека „некогаш разводот беше таму тема, а денес тоа е неверството“.
Според неа, пониската стапка на разводи во европските земји се должи на фактот што луѓето овде се повеќе склони да ги прифаќаат нештата.
Сепак, за повеќето од нас, и понатаму е контроверзно ова прашање. Имено, дали би простиле неверство за да си го спасите бракот?