Познатиот актер Бред Пит и неговата нова девојка Инес де Рамон се фотографирани заедно на афтер-забавата која беше организирана по прославата која се одржа по повод новиот филм „Вавилон“ во кој тој ја толкува една од главните улоги.
Оскаровката (58) и поранешната сопруга на Пол Весли, Инес де Рамон (29) се мешаа со гостите и повремено разменуваа прегратки.
Пред околу еден месец имавме можност да ги видиме нивните први фотографии, а се чини дека парот повеќе не се крие.
Странските медиуми објавија дека тие биле во врска неколку месеци.
– Бред е навистина вљубен во Инес. Тие се запознале преку заеднички пријател. Таа е многу фина девојка – рекол извор близок до Бред Пит.
Инес е слатка, смешна и енергична. Таа има одлична личност и Бред Пит ужива да поминува време со неа.
Бред за оваа пригода облече лежерна комбинација, обични фармерки и сив кардиган, а сè заврши со жолт шешир.
По разводот со Анџелина Џоли, Бред често го поврзуваа со многу жени од светот на модата, филмот и музиката, но тој ретко се огласуваше за тоа.
Новата девојка на Бред е поранешната сопруга на познатиот холивудски актер Пол Весли. Двајцата се венчаа во 2019 година, а потоа одржаа тајна церемонија.
Нивниот адвокат во септември потврди дека се разделиле и дека не живеат заедно неколку месеци.
-Одлуката за раскинување беше обострано и беше донесена пред 5 месеци. Тие бараат приватност во овој момент – рече тој.