Сето тоа го прави за да се оддалечи од Холивуд и да започне помирен живот, велат изворите. Тој ја основа компанијата План Б со неговата поранешна Џенифер Анистон.
„Бред размислува да го напушти Холивуд и да се пресели во Франција, каде што ќе се занимава со лозје, уметност и производство на мебел… Тој само сака да живее во мир“, открил изворот.
Извори блиски до актерот откриваат дека актерот повеќе не сака да биде во бизнисот, туку само понекогаш сака да глуми. Тоа го тврдат неговите познаници и истакнуваат дека тој повеќе ќе се посвети на францускиот имот Шато Миравал кој го купил со Анџелина Џоли и на други интереси како архитектурата.
Бред Пит е познат како страствен колекционер на уметнички дела и љубител на архитектурата, па сака да се посвети на тоа.