Бред Пит: Снимањето на овој хорор филм влијаеше на мојата психа

Актерот Бред Пит во својата кариера отелотвори многу сложени ликови, но за улогата во еден филм истакна дека тоа влијаело на неговото ментално здравје. И не толку самиот лик, туку целиот процес на снимање.

Нов инцидент во Балтичкото Море: Пресечен подводен кабел за струја, тревога во Финска и Естонија
Подводниот кабел за напојување што ги поврзува Финска и Естонија не е во функција од вчера . Гардијан пренесува дека ова го соопштил финскиот премиер Петери Орпо. Британскиот весник наведува дека ова е …
Трајчулески: Бегството на Груби е страшна порака за нефункционалност на државата
Државата и институциите на системот целосно затаиле или е договорено бегството на Артан Груби. Трета од овие две претпоставки, нема. Но, и во двата случаи, тоа е страшно за самата …

Според Far Out Magazine, снимањето на ,,Интервју со вампирот” во 1994 година лошо влијаело на Бред Пит. Овој филм е базиран на истоимениот роман на Ен Рајс, а Бред Пит ја играше главната улога покрај Том Круз. Актерот како најголем проблем на овој филм го истакна макотрпниот процес на снимање.

,,Беше тешко да се снима ,,Интервју со вампирот”. Го завршив снимањето на ,,Легенда” на есента и веднаш го започнав овој проект. Прво, сè се одвиваше во мрак. Го снимавме филмот три месеци во Њу Орлеанс, во тотален мрак, снимавме во текот на ноќта. Има почетната сцена во филмот кој е снимен на дневна светлина, но тоа е тоа. Целиот филм е во мрак. Сето ова почна многу да влијае на мојата психа“, изјави тој во интервјуто, пренесува Far Out Magazine.

Пронајдете не на следниве мрежи: