Бременоста во подоцните години може да го подобри здравјето кај жената

Истражувањата покажуваат дека сè поголем број на жени одлучуваат да забременат во подоцните години од животот, па не нè изненадува што порастот на бројот на “геријатриски бремености” е значително поголем во последните години.
Телевизиската ѕвезда Џоан Гејнс открила како е да се биде бремена на 40 години и како терминот “геријатриска бременост” некако се наметна сам од себе во случај на вака задоцнета бременост. Таа открила дека ѝ било многу тешко да ја поднесе оваа бременост од претходните кога била помлада, но објаснила дека да се биде бремена на 40 години не е невозможна мисија.


Иако подоцната бременост носи големи ризици со себе, таа може да биде многу добра за идното здравје на мајката. Геријатриска бременост е бременост која настапува после 35 година од животот. Просекот на години кога жените остануваат бремени значајно се зголеми во последните години. Од 70 години од минатиот век, бројот на жени кои раѓаат помеѓу 35 и 39 години е во постојан пораст. Последните години во пораст е и трендот жените да раѓаат на годишна возраст од 40 до 44 години.
Жените кои остануваат бремени после 35 година имаат зголемен ризик од дијабетес, зголемен крвен притисок, предвремено породување ако бебето има мала килажа, царскиот рез е често неизбежен, бебињата имаа хромозомски аномалии и поголем е ризикот за спонтан абортус.
Неодамнешно истражување покажа дека бременоста во подоцните години има многу бенефиции за жените. Децата често се попаметни и поголеми од останатите, а она што е одлична вест е дека има повеќе бенефиции од ризици. Жените кои раѓаат после 33 година од животот живеат подолго од оние кои родиле како млади, но имаат подобра работа на мозокот и помали шанси за губење на помнењето во староста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.