Хилтон и нејзиното семејство уживаат во Малибу на Денот на трудот, а во тек е снимање на документарен филм под нејзината диригентска палка.
Иако со месеци се шпекулираше дека славната наследничка на империјата Хилтон е бремена, Парис пред нешто повеќе од два месеци посочи дека оваа информација не е точна, и дека тоа ќе се случи по закажаната венчавка со избраникот Картер Реум.
Хилтон одлучи Денот на трудот да го помине со својата мајка Кети и Картер на плажа во Малибу за да ужива во сончевите денови и сурфањето во вода.
За оваа авантура, таа избра костим од новата колекција на модниот бренд „Оскар де ла Рента“, кој фантастично и прилегаше. Згодната мајка беше облечена идентично како ќерка си, а на прв поглед изгледаа како пријателки.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.