НАПУШТЕТЕ ЈА ОВАА ЗЕМЈА – Германија предупредува да не се патува кон Блискиот Исток: Не е исклучено ширењето на конфликтот

Министерството за надворешни работи на Германија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Либан и веднаш да ја напуштат таа земјата.

Како што објави Министерството за надворешни работи на Германија на својата веб-страница, не може да се исклучи натамошното влошување на ситуацијата и ширењето на конфликтот, особено ако се земе предвид убиството на еден од лидерите на Хамас, Салех ал-Арури во областа на главниот град Бејрут, пренесува медиумската агенција Reuters.

УЖАС: Пријавено силувано 14 годишно девојче кое се водело за исчезнато
На 27.09.2024 во 20.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.Ј. од Скопје пријавила дека во периодот од 25.09.2024 до 27.09.2024, додека била пријавена за исчезната, …
Јужна Кореја ќе се стреми кон подобрување на односите со Јапонија под водство на новиот јапонски премиер
– Јужна Кореја изрази желба да соработува со новата јапонска влада за зајакнување на односите со Јапонија, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи. Изјавата доаѓа по …

Властите во Германија забележуваат дека предупредувањето конкретно се однесува на јужните делови на Либан, вклучувајќи ги и јужните урбани области на градот Бејрут.

Салех ал-Арури, кој беше убиен во вторникот, беше заменик-лидер на Хамас во странство и де-факто лидер на военото крило на Хамас на Западниот Брег.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.