Брз и вкусен рецепт за аспарагус со лук и лимон

Искористете ја сезоната на аспарагус и за 5 минути направете вкусно јадење. И што е најважно, ќе извалкате само еден сад.

Аспарагусот е богат со аминокиселината аспарагин (оттаму и неговото име) која помага во ослободувањето на вишокот течности од телото, како и солта од организмот. Освен тоа, аспарагусот е и доста вкусен, лесно се подготвува и може да се додава во многу јадења. Ако досега не сте знаеле, обавезно пробајте го, а ова е еден од наједноставните рецепти. Само кратко пропржете го, па прелијте го со сок од лимон, а можете да го служите и како гарнир на кајгана.

Потребни состојки:
20-24 парчиња аспарагус
2 чешниња лук
4 лажици маслиново масло
1 лимон
сол
бибер

Подготовка:
Измијте ги аспарагусите, па исечете им ги краевите. Во тава турете малку маслиново масло, па пропржете го зеленчукот. Посолете и побиберете. Пржете додека не почнат да добиваат боја како да изгореле, па тогаш додадете го толченото лукче. Добро промешајте и по минута турете сок од лимон. Измешајте и закуската е подготвена.

Брз и вкусен рецепт за аспарагус со лук и лимон
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.